05 Декември, 2025
0.1917

Сите тутунари ќе склучат договори за откуп, ама на помали количини тутун

Објавено во: Агробизнис 20 Март, 2014 14:23

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот и министерот за финансии Зоран Ставрески на тутунарите денеска им вети решение за нивниот проблем со откупот за следната реколта. Владата смета дека има решение со кое ќе се амортизира ударот од одлуката на откупните претпријатија да го намалат за речиси 40% откупот од следната реколта. „Најдовме едно оптимално решение со кое што решаваме повеќе проблеми во исто време. Прво се договоривме секој тутунопроизводител кој што во 2013-та година имал склучен договор за откуп на тутун да има договор за откуп за тутун и за 2014-та година. Ниту еден тутунопроизводител да не остане без склучен договор. Второ, се договоривме пропорционално да се изврши усогласувањето на количините, при што ги заштитивме тутунопроизводителите кои што го произведуваат тутунот од егзистенцијални причини“, појасни Ставрески, кој денеска се сретна и со тутунарите и со откупувачите. Бил постигнат договор тутунарите да се поделат во неколку групи во зависност од произведеното количество во 2013 година и сразмерно на тоа да се врши намалувањето на откупот за следната година. „Првата група се производители до 500 килограми и тука имаме 10.726 лица и за нив се договоривме за 2014-та година да немаат никакво намалување на количината. Значи овие 10.726 лица ќе склучат исти договори како што имале за 2013-та година. Слично е и со втората група во која што произведуваат од 501 до 1.000 килограми, тоа се 13.803 лица, за нив ќе има само петпроцентно намалување во однос на количините од 2013-та година“, појасни Ставрески. Во следните категории на поголеми производители ќе има и соодветна поголема количина за намалување. Проблемот за откупот на тутунот се јави заради намалената побарувачка за тутун во светски рамки, особено за тутунот од ориенталната сорта која најмногу се одгледува во Македонија.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?