СИТУАЦИЈАТА ОКОЛУ СЕВЕРНА КОРЕЈА СТИГНА ДО ТОЧКА НА ВРИЕЊЕ: САД прати бомбардери и се закани со смртоносен напад
Објавено во: Свет 30 Јули, 2017
Два стратешки бомбардери B-1B од американското воено воздухопловство демонстрираа сила со прелетување над Корејскиот полуостров, после неодамнешниот ракетен тест на Северна Кореја, соопшти американското воздухопловство.
Летот на стартешки бомбардери е спроведен во саботата како директен одговор на ракетниот тест на Северна Кореја, соопшти воздухопловството на САД, пренесе Ројтерс.
„Северна Кореја останува најдголема закана за регионалната стабилност. Ако не повикаат од регионот подготвени сме да одговориме со брза, смртоносна и огромна сила“, рекол командантот на пацифичките воздушни сили на САД, генерал Теренц О'шонези.
Северна Кореја потврди дека во петокот лансирала интерконтинентална балистичка ракета, а лидерот на таа земја Ким Џон ун лично го надгледувал лансирањето кое се случило нешто пред полноќ.
Ким наведува дека лансирањето е предупредување за САД дека нема да бидат безбедни од уништување доколку се обидат со напад.