05 Декември, 2025
0.0413

Ситуацијата зоврива: АМАН пред Влада, контрапротести пред ЕВН!

Објавено во: Економија 03 Ноември, 2012 20:02

Добивај вести на Viber

Протестите на АМАН против поскапата струја не запираат, но тензијата расте. Денеска граѓаните кои се приклучија на здруженито АМАН и протестираа, тврдат дека добиле закани од организирана група, која со џип пристигнала пред Регулаторната комисија за енергетика и на активистите на АМАН им се обратиле со зборовите „Да ве нема!“ “Денес имавме закана од членови на Унија на млади сили на ВМРО ДПМНЕ кои имаа свој протест пред ЕВН. Дојдоа , се обидуваа да ни ги земат транспарентите и ни рекоа да се изгубиме за15 минути. Ние не си заминавме и ќе продолжиме да протестираме и натаму.  А, се надеваме дека институциите ќе реагираат во вакви случаи“, изјави Џелал Хоџиќ од АМАН. Според сведочењата на граѓаните групата била подготвена за предизвикување инциденти. За да не дојде до посериозни инциденти членовите на  АМАН повикале полиција. Откако пристигнале полицајците, групата се растурила, но дел од контра-демонстрантите продолжиле со вулгарни пцости кон  членовите на  АМАН. Ова е втор напад врз активистите на АМАН. Пред само неколку дена тие се пожалија дека нивни активист бил пресретнат од непознати лица кои му се заканиле и му порачале да престанат со протестите бидјќи во спротивно лошо ќе биде за сите што протестираат. И за овој инцидент е информирана полицијата. Протестите на двете групи продолжија по инцидентот АМАН револтот го искажаа пред зградата на Владата. Со транспаренти  “Стоп за поскапата струја“, испишани на македонски и албански, демонстрантите побараа, власта да престане да го кочи собирањето на 10 илјади потписи со кои се бара промена на законот за енергетика и правилникот за топлинска енергија. Односно враќање на дневната евтина тарифа на струјата, но и стопирање на одлуката на регулаторите со која исклучените од мрежата на Топлификација сепак ќе треба да плаќаат паушал. “Владата ја држи иницијативата за собирање на 10 илјади потписи и ја кочи постапката. Ние бараме да дозволи да се започне со постапката и да не ја држат во фиока, а ќе протесираме пред владата се додека  тоа не се случи “ изјави Џелал Хоџиќ од АМАН. Додека АМАН протестираше пред Владата истовремено продолжија, протестите на другата група пред ЕВН. Тие пак носеа фотографии од Радмила Шеќеринска и транспаренти на кој е искажан револтот против опозцијата бидејќи го продала тогшното ЕСМ на Австријците од ЕВН. Дел од медиумите излегоа со тврдење дека демонстрантите на АМАН  се организирани до опозцијата, дека партиските членови биле донесени на протест со фамозните партиски “шкоди фелиции“ на СДСМ. Други медиуми пак тврдат дека, групата што протестираше пред ЕВН  носејќи транспаренти со Шекеринска и протестирајќи против опозицијата се организирани од ВМРО ДПМНЕ.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември