СЈО да обезбеди дозвола за употреба на доказите од УБК
Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2016 18:27
Основниот суд Скопје 1 му наложи на Специјалното јавно обвинителство да обезбеди дозвола од Управата за безбедност и контраразузнавање за употреба на доказите кои оттаму се прибавени во судскиот процес.
Судијката Лидија Петковска вели дека во пресудата нема да можела да ги наведе доказите кои ги достави тимот на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.
Од СЈО се сомневаат дека барањето да обезбедат дозвола од УБК е само начин рочиштето да биде одложено. УБК нема рок да одговори на нивните барања.
„Посочивме дека за судот не е непознато да постапува по класифицирани информации особено што и законот такво нешто не забранува. Од судот бевме задолжени да побараме органот кој што ги издал тие податоци и информации дозвола за тие да можат да бидат искористени во рамки на судската постапка“- рече обвинителката Ленче Ристоска од СЈО.
Во судот денеска се одржа рочиште на кое обвинителите и одбраната дебатираа за употребата на доказите. Дел од нив имаат назнака класифицирани информации.
Одбраната бараше дел од нив да бидат отфрлени.
Осомничените се товарат дека ги уништиле доказите со цел да ги прикријат дејствијата од предметот„Тврдина“ односно уништувањето на системите за прислушување.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




