СЈО и Димитриев, битка со револуционерен бекграунд
Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2016
Умерениот во своите изјави, премиерот Емил Димитриев смета дека СЈО е тенденциозна и дека работи воинтересите на политичка партија. Димитриев досега се воздржуваше од посилни коментари во поглед на работата на СЈО, но избра датум, денот на ВМРО да го каже тоа што го мисли.
„Ангажманот на државните и специјалните органи кои оставаат впечаток на тенденциозност и пристрасност во предизборен период, покажуваат очигледна намера која македонската јавност јасно ја гледа. Специјалното јавно обвинителство и Јавното обвинителство не треба и не смеат да се претворат и да добијат улога на портпароли на политичките партии и да бидат алатки во функција на политичките агенди“, изјави Емил Димитриев.
СЈО со месеци нананзад е предмет на политички напади но и на опструкции од страна на државните органи. Последната опструкција беше минатата недела кога на СЈО не им беше дозволено присуство во УБК.
Сепак овие случувања се увертира во интересен период во кој СЈО ќе влезе уште позасилено, а ВМРО ДПМНЕ ќе одговара пожестоко.Како се ближат изборите битката ќе биде повалкана, а исходот се уште е неизвесен.