СЈО ОБВИНУВА: Судот не сака да издава наредби за претрес кај високи и екс функционери
Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2017 10:34
Уште на самиот старт кога почна со дејствување, институцијата која се формираше согласно договорот од Пржино, специјалното јавно обвинителство се соочува со сопки.
Денеска од обвинителството кое е под закрила на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева стигна соопштение до јавноста со кое тимот на СЈО го обвинува судот за отежната соработка.
Од соопштението произлегува дека Основниот суд Скопје 1 одбивал да издаде одобренија за претреси кај екс и високи функционери.
„Од страна на судот беше издадена само една наредба за претрес и тоа на ден 25.01.2016 година, при што од наша страна извршен е претрес на една локација во Скопје, за потребите на истражната постапка во предметот под работен наслов „Титаник“.
Сите останати барања за издавање на наредби за претрес, кои се однесуваа на сегашни и поранешни високи функционери, се одбиени. Имено, судиите за претходна постапка на кои им биле доделени овие предмети и тоа судијата Елена Јосифовиќ и судијата Александра Поп Стефанија изразиле несогласност по барањата за определување наредба за претрес, а кривичните совети во состав од судиите Љубинка Башеска, Горан Бошевски и Владимир Панчевски, од судиите Владимир Панчевски, Ленка Давиткова и Диана Груевска Илиевска и од судиите Ленка Давиткова, Диана Груевска Илиевска и Ивица Стефановски ги уважиле изразените несогласности на судиите за претходна постапка“, соопштуваат од СЈО.
Имајќи предвид дека СЈО покрена неколку постапки за функционери од владеачката партија, извесно е дека Судот одбива да одобри претреси кај функционерите на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму укажуваат дека сеуште не се доставени записниците, ниту пак снимките од одржаните рочишта по повод поднесените обвинителни предлози во случаите за насилството во општина Центар и за уништената документација во Управата за безбедност и контраразузнавање.Можеби ќе ве интересира
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан




