СЈО: УЈП и Министерството за финансии контра законот-дозволиле затајување данок!
Објавено во: Македонија 23 Март, 2017 11:52
Специјалното јавно обвинителство ја одгатна брзозборката која ја најави вчера.
Ова обвинителство откри дека отвора четири нови истраги против четири лица и тоа директор на училиште, помошник министер во Министерствтото за внатрешни работи и двајца управители на повеќе фирми.
Обвинителката Катица Јанева, на прес-конференција рече дека Управата за јавни приходи и Министерството за финансии дозволиле поединци и други министерства да работат спротивно на законите, овозможувајќи одредени физички и правни лица да се стекнат со имотна корист затајувајќи даноци и вршејќи јавни набавки незаконито и со повластување.
Најави дека на тој начин се перени пари во Буџетот, а парите завршувале во џебови на функционери од власта. „Ова е почеток, а понатаму ќе се прошируваат за нови кривични дела од нови физички и правни лица“, рече Јанева, која нагласи дека за вакви комплексни потребен е подолг период за покренување обвиненија.
Се наметнува прашањето дека ќе се надмине периодот од 18 месеци, а роковите се далеку пократки од роковите по кои постапуваат останатите јавни обвинителства.
Поради ова, СЈО бата Собранието да ја разгледа законската одредба која ја ограничува нивната работа и да се најде соодветно законско решение за да ги истражат кривичните дела кои се во рамките на нивниот мандат.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




