06 Октомври, 2024
0.0291

СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ АМС: Дискриминаторска збирка ја згрози јавноста-Каевски не дава оставка

Објавено во: Македонија 01 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Збирка песни „Млади поети“ ја згрози јавноста откако песните се проширија на социјалните мрежи а две од 44 имаат стихови со недолична и дискриминаторска содржина.

Една од творбите, насловена „Партиски вработена“ е напишана со понижувачки и вулгарен речник за жените и наиде на големи критики и згрозеност во јавноста. Втората, пак, „Моите соседи“ е со шовинистички пораки.

По овој скандал кој утринава личеше на шегобиен текст по повод 1 април, очигледно дека некој направил серизен пропуст.

Се огласи и директорот на Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Дарко Каевски кој вели дека чувствува морална и професионална одговорност и се извини на јавноста, за, како што рече денеска на прес-конференција, настанатата грешка при објавувањето на поетската збирка „Млади поети“  .

Агенцијата за млади и спорт реши да ја повлече зборката поезија со спорните творби што ја издаде вчера со проектот „Млади поети“ финансиран со 150 илјади денари државни пари. 

„Како директор чувствувам морална одговорност, но уште повеќе професионална одговорност да се расветли случајот и точно да се детектира вината“, рече Каевски на прес-конференција.

Тој нагласи дека соодветно ќе бидат казнети сите оние кои дозволиле да се случи ваква грешка и оти се повлекуваат примероците што се уште не се дитрибуирани.

Песните ги селектирала тричлена комисија, а Каевски, како што рече, веќе разговарал со претседателот на Комисијата, а ќе разговара и со останатите двајца членови.

Разговарал со претседателот на Комисијата, кој, како што рече, го известил дека не биле свесни оти треба да прават селекција и да отфрлаат песни.  – Во однос на содржината сметаат дека има право на слобода  на говор и слободна мисла на изразување, а јас имам поинаков став – слободата на говор е неприкосновена се додека не се претвори во говор на омраза и дискриминација, наведе Каевски.

На новинарско прашање зошто како уредник на збирката дозволил да се објават песните со недолична содржина, одговори дека неговиот потпис е ставен за постапката и за чекорите во постапката, а не за содржината.

„Цитирам: Комисијата ќе изврши селекција на пристигнатите творби за збирката Млади поети и ќе изготви писмен извештај до директорот на Агенција за млади и спорт. Во точка 4: членовите на стручната Комисија од точка 1 од ова решение се должни работата совесно, стручно и непристрасно како и согласно позитивните законски прописи на Република Македонија“, изјави Дарко Каевски – Директор на Агенција за млади и спорт.

Но, членот на комисијата Николина Андова Шопова го демантира ваквото тврдење. Таа за дел од медиумите вели дека комисијата имала задача да избере три творби кои биле наградени уште во декември, настан на кој присуствувал и директорот Каевски.

„Тоа беше и единствената обврска на членовите на жирито, кои не учествуваа во уредувањето на збирката и селектирање на песните што ќе бидат застапени во неа“, вели Николина Андова Шопова – Член на комисијата.

Лошо изведена првоаприлска шега

Авторот кој е потпишан на двете песни со дискриминираторска реторика е Даниел Пиљаковски, а тој тврди дека тој всушност не е автор. Пиљаковски за дел од медиумите тврди дека автор на двете песни е извесен „Александар Блажевски, кој не можел да аплицира на конкурсот бидејќи бил постар“. Тоа уште повеќе ја заплеткува оваа поетска приказна.

„Јас сум еден обичен студент кој не знае да пишува поезија. Александар Блажевски ми е познаник, тој ми држеше часови по математика и во една прилика ми рече ‘јас сум постар, немам каде да ги објавам моите песни, ќе може ли на твое име да бидат’ и јас се согласив, но не ја знаев содржината. Не знаев дека се вакви песните, јас никогаш не би напишал ваков текст, ова е многу лошо“, рекол Даниел во телефонски разговор за БИРН.

Дел од песните на младите автори наликуваат на песнички од прво одделение кога учениците се обидуваат по секоја цена да вметнат рима во нивните почетнички дела, а дел пак се однесуваат на „маченичката судбина на македонскиот народ“.  

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил