„Скандалозно, без никакво објаснување, судењето беше затворено за јавноста“: Левица тврди дека се врши 'режимска пракса на политички прогон“
Објавено во: Македонија 13 Март, 2025 10:12
Опозиционерите до Левица утрово обвинуваат за „режимската пракса на политички прогон“. Преку соопштение до медиумите укажуваат дека „каде пратеници од ДПМНЕ влечат по судови членови на Левица, во обид да се замолчи единствената опозиција“.
- Пратеникот од власта од ДПМНЕ - Александар Јамалов, го тужи опозицискиот советник од Левица, Игор Смилев, поради објава за непотизам. Тој во прекршочна постапка го тужи советникот од Левица за предизвикана навреда, клевета и нанесување на душевна болка, поради дадена изјава во којашто Смилев изјавил дека сопругата на Јамалов била вработена во СВР - Велес.
Дополнително, Јамалов воопшто не се појави на рочиштето против советникот од Левица. Скандалозно е што без никакво објаснување, судењето беше затворено за јавноста, по ,,налог" на судијката Лорета Тодорова, која забрани влез за новинари! - се наведува во соопштението на Левица.
Притоа додаваат дека „сепак, советникот Смилев од Левица повторно потенцира дека ваквите режимски обиди нема да го замолчат, затоа што непотизмот е канцер на македонското општество“.
Опозиционерите потоа посочуваат дека ова не е изолиран случај на политички прогон и насилие од страна на владејачките структури на ДПМНЕ и затоа Левица им порачува дека вака само не' охрабруваат да бидеме погласни против нивното партизирано и непотистичко владеење и дека борбата допрва почнува.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




