18 Декември, 2025
0.0490

СКАПА ГРЕШКА: Купиле нови возови, дури отпосле сфатиле дека се преголеми за железничките станици

Објавено во: Свет 21 Мај, 2014 19:48

Добивај вести на Viber

Франција ја тресе неверојатен скандал - државната компанија СНЦФ, која е одговорна за железничкиот превоз на патници, купила дури 2.000 целосно нови возови за дури 15 милијарди евра, а потоа сфатила дека возовите се премногу широки да влезат на железничките станици до кои треба да превезуваат патници! Би-Би-Си објавува дека веројатно за целиот скандал е виновна друга државна компанија РФФ, која управува со пругите и железничката инфраструктура во земјата. Наводно оваа компанија на СНЦФ и дала погрешни податоци за димензиите на железничките станици, па врз основа на тие погрешни димензии од производителите се барале возови со погрешни спецификации. Грешката настанала така што од РФФ ги испратиле само димензиите на новите станици изградени во последните 30 години, но во цела Франција се уште има голем број постари железнички станици изградени пред повеќе од 50 години, кога возовите биле потесни отколку денеска. Кога еден од новите 2.000 воза би се обидел да застане на таква железничка станица тој би удрил во перонот, што би можело да предизвика смртоносна несреќа. Портпаролот на РФФ признал дека „проблемот го увиделе малку предоцна“. Со оглед на тоа што враќањето на возовите кај производителот на доработка би било прескапо, Французите одлучиле проблемот да го решат со прилагодување на железничките станици. И тоа нема да биде евтино - првичната сума е 50 милиони евра, а се очекува и дополнително да порасни, бидејќи станува збор за дури 1.300 помали и поголеми станици. Засега за овој скандал никој не понел одговорност, а францускиот министер за транспорт Фредерик Кувијие за случајот го обвини „апсурдниот железнички систем“, односно фактот дека РФФ и СНЦФ се одвоени компании. „Кога ќе ги раздвоите пругите од возовите, тогаш ви се случува вакво нешто“, рекол тој. По ова толкување, слична грешка можно е да и се случи и на Македонија, со оглед на тоа што инфраструктурата и транспортот на железниците и кај нас се одвоени во две посебни државни претпријатија.

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина