СКАПИ БАНКАРСКИ УСЛУГИ: Од провизии наплатени 49 милиони евра за шест месеци
Објавено во: Финансии 05 Октомври, 2017 08:50
Водење трансакциска сметка, плаќање на сметки за струја, вода, парно, извршување на решение за присилна наплата или налог од извршител, опомена за минусно салдо, а некои банки наплаќаат и за проверка на салдо на банкомат. Ова се само дел од десетиците видови провизии и надоместоци кои домашните банки им ги пресметуваат на клиентите. Најчесто, клиентите не се доволно информирани за овие давачки и не ретко се изненадени и револтирани од висината на овие суми.
Иако, навидум износите во некои случаи се ниски и се движат од 30денари до 100 денари, сепак, парите од провизии и надоместоци им се и тоа како слатки на банките. Најсликовит е примерот со сметките за радиодифузна такса. Ако ја пресметаме провизијата што се наплаќа од околу 650.000 домаќинства и 70.000 фирми, сумата што месечно ја прибираат банките по тој основ е околу 13,6 милиони денари или 225.000 евра. Пресметките покажуваат дека за една година банките наплатуваат 2,7 милиони евра само од провизија за наплата на сметките за телевизија.
Уделот од провизии и надоместоци вообичаено се движи околу една третина во вкупните приходи и добивка на банките. Податоците од Народната банка на Македонија покажуваат дека во првото полугодие од 2017 година домашните банки наплатија вкупно 210 милиони евра од камати, надоместоци и провизии. Речиси 161 милиони евра се наплатени од камати, а на свое конто банките ставиле 49 милиони евра од надоместоци и провизии. Чистата добивка на банките за првите шест месеци изнесува 50 милиони евра.
Македонските банкари велат дека реалните трошоци кои ги имаат за овие услуги се критериумите врз кои ги формираат износите на банкарските провизии и надоместоци. Тие советувааат, за да се намалат трошоците на клиентите, што помалку да се користи готовина и плаќањата да се вршат преку електронско банкарство наместо на шалтери.
- Влезните параметри при креирање на провизиите и надоместоците, се реалните трошоци кои Банката ги има за да го овозможи сервисот за кој наплатува надоместок- велат во НЛБ банка.
Во Комерцијална банка Скопје објаснуваат дека редовно ги следат пазарните движења на економијата во земјата и во согласност со ресурсите кои ги користат при развој и одржување на производите и услугите кои се нудат вршат формирање на износите на провизиите и надоместоците во банкарското работење.
- При одредувањето на овие износи главна компонента се трошоците од аспект на ресурси (човечки, материјални и технички), трошоци за пресметковно-платежни активности, а дополнително се земаат в предвид и промотивните активности кои ги превзема Банката, како и потребата од пренасочување на клиентите во користењето на современите канали за спроведување на финансиски активности- велат во Комерцијална банка.
(М.Б.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција





