18 Мај, 2024
0.0271

Скапи реклами или лоши програми – Кој да им се извини на земјоделците?

Објавено во: Агробизнис 15 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Доследни во политиките на владата кон земјоделците се само скапите реклами коишто немаат врска со реалните состојби, смета СДСМ. Од Министерството за земјоделство , шумарство и водостопанство враќаат, долгонајавуваната програма на СДСМ за земјоделството, е всушност памфлет без идеја и визија. СДСМ се огласи како реакција на најавите за објавување на шестиот јавен оглас за земјоделците и преработувачките капацитети  тежок два милиони евра. „Не се исплатени половина од субвенциите за 2012 година чијшто краен законски рок беше 30 јуни. Владата нема исплатено ниту денар субвенции за 2013 година. За споредба, српските земјоделци веќе имаат добиено 90 проценти од субвенциите за 2013, а на земјоделците во Бугарија тамошната Влада од март ќе почне да им исплаќа субвенции за 2014 година. Со 500-тините милиони евра колку што Владата тврди дека се инвестирани во земјоделството, секој земјоделец требаше да има барем по еден нов трактор. “ обвинуваат од СДСМ. Тие апелираа Владата да престане со популизмот и со нереални проекти, од коишто, како што велат ефекти и по 8-годишното владеење на Груевски, нема. Побараа од Владата веднаш да ги исплати субвенциите на земјоделците за 2012 година и да почне со исплата на субвенциите за 2013 година. Од ресорното министерство пак истакнуваат дека овие тврдења доаѓаат откако јавноста и сите земјоделци се уверија дека програма на СДСМ за земјоделството се темели на работи кои или се веќе направени или се во фаза на тековна реализација од страна на Владата. Велат дека е реакацијата на СДСМ е веќе видено и слушната. „Болката на СДСМ се состои во тоа што само за два повици за финансиска поддршка, односно само за две мерки, Владата на Република Македонија одделува повеќе финансиски средства од средствата што СДСМ ги одделуваше за сите земјоделци за една година. Искрено жалиме, што СДСМ продолжува да ја потценува свеста на македонскиот земјоделец и што наместо концепт и издржани предлози од СДСМ повторно гледаме повторување на веќе виденото“, се вели во реакцијата. Од министерството пак бараат СДСМ јавно да им се извини на земјоделците, за како што велат, пустошот што го направија во земјоделството додека беа на власт. „Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и во иднина ќе го продолжи досегашниот континуитет на отвореност и партнерство со земјоделците и компаниите, на финансиска поддршка и развој на земјоделството, и на нови мерки и проекти во интерес на земјоделството и земјоделците“ се додава во реакцијата од Министерството. Дали е визија земјоделците во Македонија сеуште да немаат земено субвенции за 2012 година, додека 90 проценти од нивните колеги од Србија завршуваат со примањата субвенции за 2013, а во соседна Бугарија се подготвуваат средства за субвенции за 2014?, реагира најголема опозициска партија СДСМ, укажувајќи и на пријавите од 500-тини милиони евра инвестиции во земјоделството, кога не проработил ни основниот систем за наводнување капка по капка? По ова од СДСМ испратија соопштение. Велат, ВМРО-ДПМНЕ и неговите коалициски партнери се на власт веќе осум години и пак други им се виновни.Субвенциите станаа платежно средство за купување гласови пред избори,  се наведува во реакцијата на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?