Скисели откупот на грозје, не помагаат ни субвенции
Објавено во: Агробизнис 27 Септември, 2016 16:15
Иако Министерството за земјоделство пред една недела тврдеше дека нема никакви проблеми со откупот на грозјето, лозарите и понатаму се мачат да добијат фер цена од откупувачите, без оглед што државата вети субвенции од 3 денари за подигнат килограм вранец. Министерот Цветков тврдеше дека неговиот заменик Николовски непотребно крева паника, но сега се поставува прашањето дали е возможна стабилизација на пазарот.

- Државата ќе направи се да не пропадне ниту едно зрно грозје и се надевам дека тоа и ќе го оствариме. Она што винариите не можат да го откупат како винско грозје да оди за дестилат. Ние во секој случај ќе ги обесштетиме лозарите, но на кој начин се уште треба да почекаме може ќе се откупи грозјето. Во понеделник ќе донесеме информација што понатака, истакна Цветков.
Годинава временските услови не беа поволни за лозарите, приносот е послаб, а трошоците поголеми, па згора на тоа и не се почитуваат договорените цени на откуп. Затоа Цветков посочи дека е клучно да се потпишуваат договори.
- Мораме да прекинеме со вакво стихиско работење во земјдоелието. Договоривме цени но за жал не се почитуваат, бидејќи ние кога ги договориме овие цени земјоделците и преработувачките капацитети не потпишаа договор. Оние земјоделци што потпишаа договор со преработувачките капацитети, пиперките им беа откупени по тие цени, изјави Цветков.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





