20 Декември, 2025
0.0575

Скопјани ќе ја дочекаат Новата 2014 со македонски музички ѕвезди

Објавено во: Мои пари 19 Декември, 2013 14:30

Добивај вести на Viber

Град Скопје и оваа година, со поддршка на Македонски телеком, Т-Мобиле Македонија, ја организира традиционалната новогодишна прослава на плоштадот „Македонија“, најавија денеска дел од организаторите и учесници во новогодишната забава за пречек на Новата 2014 година. - Би сакал да им посочам на граѓаните на Скопје, дека и оваа година Град Скопје во соработка со Македонски Телеком и Т-Мобиле, ќе ја организира новогодишната забава, за дочек на Новата 2014. Можам да истакнам дека и годинава градскиот плоштад ќе биде местото за добра забава на новогодишната ноќ, токму затоа би ги поканил сите граѓани, да дојдат и заедно да ја прослават Новата 2014 година, рече градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски. Во највеселата ноќ, граѓаните ќе се забавуваат со музиката на македонските, но и интернационални ѕвезди, како младиот, но реномиран музички уметник и интерпретатор на народни и забавни нумери, Мустафа Имери, па потоа журка со песните на Тијана Дапчевиќ, па мини концерт на македонската дива Калиопи, за на крајот да настапи нашето познато реобединето музичко дуо Роберт и Панки или попознати како „Куку-леле“. Новогодишниот концерт, ќе почне во 21 часот, а се очекува да трае до раните утрински часови. Вистинската кулминација ќе се случи точно на полноќ кога небото над Скопје, ќе го осветли спектакуларен огномет.  

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии