СКОПЈЕ – ЦЕНТАР НА ТАНЦОВИОТ СВЕТ!
Објавено во: Мои пари 04 Ноември, 2025 13:13
Касинос Австрија Интернешенал Македонија – поддржувач на најголемиот танцов настан во регионот.
Од 15 до 16 ноември 2025 година, Скопје ќе пулсира во ритамот на танцот. Главниот град ќе стане сцена на меѓународниот танцов натпревар под закрила на Светската танцова федерација, кој ќе се одржи во спортскиот центар „Јане Сандански“.
Во текот на двата дена, повеќе од 2.500 учесници од над 40 земји од целиот свет ќе ги покажат своите вештини, страст и уметност преку различни танцови дисциплини.
Касинос Австрија Интернешенал Македонија со гордост ја обезбеди поддршката за овој настан, потврдувајќи ја својата посветеност кон културата, уметниците и вредностите што го збогатуваат нашето општество.
„Вистинската уметност ги обединува луѓето, а танцот зборува на јазик што сите го разбираме. Поддршката на вакви настани е дел од нашата мисија да придонесеме за развојот на културниот живот во Македонија и регионот,“ – порачуваат од Касинос Австрија Интернешенал Македонија.
Во ноември, 15 до 16 ноември 2025, Скопје ќе биде сцената каде што ќе се спојат енергијата, талентот и страста на танчерите од целиот свет – а публиката ќе може да биде дел од настанот кој ветува вистинско танцувачко уживање.ПР објава
Можеби ќе ве интересира
М-Р ТОНИ ЈАНКОВСКИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: УО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА – СЕРИОЗНО ФУНКЦИОНАЛНО ТЕЛО СО СИЛНА РЕПРЕЗЕНТАТИВНОСТ
ГРИН МАШИНС СО МОТОТО „GREEN FORCE“ ГИ ПРЕТСТАВИ СВОИТЕ ЕЛЕКТРИЧНИ МОДЕЛИ НА ECOMONDO 2025 ВО РИМИНИ
Жито Лукс со нов производ: 100% ЦЕЛО ЗРНО СО ЧИЈА И КИНОА
Поддршка за културата во Битола: MINT зад Шекспир фестивалот 2025
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 14 ноември изнесува 132,01 евра за мегават час, на МЕМО 130,29 евра за мегават час
А1 Македонија со успех ја реализира првата конференција Content Positive 2025
Едицијата „Големи зборови за мали уши“ ќе биде промовирана на Светскиот ден на детето, 20 ноември
КАМ е најпрепознатливa бренд-компанија и со најголема доверба меѓу граѓаните
СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СУПЕР МИЛИОНЕР ВО СКОПЈЕ, ОСВОЕНИ 6.352.014 ДЕНАРИ





