16 Мај, 2024
0.0313

SKOPJE CITY MALL – регионален лидер меѓу трговските центри

Објавено во: Мои пари 02 Март, 2017

Добивај вести на Viber

1.  Оваа година Skopje City Mall слави 5 години постоење, и за овој период се пласираше како регионален лидер меѓу трговските центри. Што е она што го прави SCM уникатен и различен од другите?

Денешните потрошувачи се многу активни, информирани и точно знаат што сакаат и каков квалитет на услуга и производ ги задоволува нивните потреби. Шопинг центрите мора да се натпреваруваат со сите глобални достигнувања во контекст на стандардите, интеракција со потрошувачите, понудата на брендовите и целокупниот амбиент. Посетата на Skopje City Mall е секогаш различно доживување. Skopje City Mall е постојано во тренд и секогаш оригинален гради своја традиција. Ние успеваме да бидеме урбаната градска приказна, мислам дека тоа го разликува City Mall од останатите трговски центри.

2.  За овој месец најавен е интернационален настан, LEGO фестивал. Што поточно ќе се случува?

За овие 5 години постоење, имаме милионски посети од нашите верни посетители. Сакавме да им подариме на сите семејства еден од најатрактивните настани во светот: LEGO®Фестивал. Се работи за официјален настан, каде ќе бидат прикажани над 20 LEGO® фигури, децата ќе можат да играат во 5 LEGO® зони, а најголемата атракција ќе бидат 8теLEGO® глави кои се изработени од LEGO® сертифицираниот професионалец Дирк Дeнојл(од вкупно 15 во светот). Да сумирам, ова ќе биде најатрактивниот настан за сите генерации кој некогаш се реализирал во нашата држава, кој воедно ќе придонесе за доближување на нашата детска култура до европските трендови.

3.  Дали ќе биде во вид на изложба или ќе има можност за интеракција со посетителите?

Како што претходно споменав, LEGO Фестивалот ќе биде еден од најинтерактивните настани, постојано ќе биде отворен просторот за игра со LEGO® коцките,  а за време на викендите ќе се организираат натпревари во кои ќе се добиваат награди. Планираме да доделиме над 1.500 награди од LEGO® а дополнително и од нашите партнери за овој настан, ЛајкаМобајл, ЕВН Македонија и КРШ Тојс.

4.  Досега имате организирано настани од различен карактер и за сечиј вкус. Кои се активностите кои ги подготвува City Mall и која е вашата визија за тековната 2017 година?

Оваа година ја започнавме со два традиционални настани и една нова кампања која резултираше многу позитивно, смрзантите цени им помогнаа на многу потрошувачи да се подноват по навистина ниски цени. Ќе следат многу настани и кампањи од различен карактер за сите генерации, но би останале скромни и само ќе најавиме: Следете нѐ, доаѓајте во Skopje City Mall и ние ќе се потрудиме секој пат да добиете ново и посебно доживување.

Можеби ќе ве интересира

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!

Што да очекувате од пазарот на недвижности во иднина?

Што да очекувате од пазарот на недвижности во иднина?

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком