05 Декември, 2025
0.0623

Скопје – Гетеборг -нова авио-линија обезбедена од „Визер“

Објавено во: Мои пари 27 Март, 2013 12:45

Добивај вести на Viber

Новата директна авио- линија од скопскиот аеродром е Скопје – Гетеборг што ја обезбеди  компанија „Визер“, најголемата нискотарифна авиокомпанија во централна и источна Европа.

Со новата авио-врска која ќе почне да функционира од 31 мај, од компанијата очекуват годинава да пренесат 350.000 патници преку аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, што би претставувало пораст од 300% во споредба со 2012 година.

Почетната цена на авиобилетите е 1.690 денари  за билет во еден правец со вклучена такса за резервација, а заинтересираните патници веќе можат да резервираат билети за оваа дестинација.

- Скандинавските земји стануваат се поинтересни за туризам ширум Европа и јас лично очекувам дека и Македонија ќе стане многу популарна за шведските клиенти кои ќе имаат можност да го запознаат Скопје благодарение на евтините авиобилети на Визер. Истовремено, нашиот список од 10 дестинации од скопскиот аеродром им дава на македонските клиенти досега невиден избор, вели Џон Стивенсон, потпретседател на Визер.

Гетеборг, сместен на западниот брег на Шведска, е светски познат по квалитетната морска храна, туристичкото морско сафари и можностите за спортски риболов. Од неодамна, Гетеборг е и многу популарно место за љубителите на кајакарството.

До Гетеборг ќе се лета секој понеделник и петок во 17:20 часот, со Eрбaс А320 и времетраењето на летот е 3 часа и 5 минути.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност