Добивај вести на Viber
„Скопје - градот на цвеќето, Скопје - градот на розата“започна со реализација на својата кампања, поради што во повеќе основни училишта засадени се над 1.000 бели рози, донација на компанијата „Пакомак.
Кампањата, како што истакна извршниот директор на Пакомак, Филип Ивановски, е продолжение на еколошките активности на компанијата
- Се надеваме дека со овие прекрасни бели рози, училишните дворови ќе бидат поубави, атмосферскиот воздух почист, а розата ќе претставува симбол на едно почисто и поеколошко Скопје, изјави Ивановски.