СКОПЈЕ ПОД ОПАСАДА: „Дива населба“ никако да дојде до разрешница
Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2017 10:32
Судскиот процес „Дива Населба“ очигледно е далеку од пресуда и било каква разрешница
По цела година надлежното обвинителство се уште е без докази, а денеска со сведоци продолжува новото рочиште.
Главниот град е под опсада на бројни полициски сили, а случајот е отворен за јавноста.
На последното рочиште адвокатите на обвинетите припадници на терористичката група која водеше битка во „Дива Населба“ тврдат дека од транскрибираните разговори кои беа презентирани се потврдува дека тие биле нападната од полицијата. Затоа пружале отпор во неможност да се предадат.
„Оваа група не нападнала, туку била нападната и немала ниту волја, ниту желба да дава отпор, нонејзините членови откако биле нападнати, биле принудени и да се одбранат. Очигледно е дека два до четири часа по нападот групата сакала да се предаде. Втората група сакала да се предаде, но имало жртви“, рече тогаш адвокатот Рауфи.
Рауфи тврди дека сите припадници на групата имале физички повреди, им била вршена физичка тортура и тие како одбрана реагирале до секоја институција.
„Имавме проблеми со обвинителството, а и денес имаме проблеми зашто тие самите прават селекција“, потенцира адвокатот Рауфи.
На последните неколку рочишта минативе три месеци беа сослушувани заштитени сведоци и беа изведувани докази обезбедни со посебни изтражни мерки поради што рочиштата беа затворени за јавноста.
Денеска повторно ќе се сослушуваат сведоци. Одбраната треба да почне со презентирање на своите докази, а се очекува како сведоци да бидат повикани и политичари и поранешни државни функционери
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




