07 Октомври, 2024
0.0403

Скопје рекордер во изградба на станови

Објавено во: Економија 12 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Факт и реалност а сега и официјално докажано дека најмногу се гради во Скопскиот регион. Само во општина Аеродром лани се завршени 767 станбени единици со корисна површина од 43.614 метри квадратни.

Податоците на државниот завод за статистика покажуваат дека лани деловните субјекти  извршиле градежни работи во вредност од 24 909 016 илјади денари, од кои 8 672 866 илјади денари припаѓаат на објекти во индивидуална сопственост.

Во 2014 се изградени вкупно  1 734 објекти, а завршени се вкупно 1 772 станови со вкупна површина од 122 332 м2, од коишто 1 446 се во индивидуална сопственост.

Податоците уште покажуваат дека после Скопје, најмногу завршени единици има во Струмица и Охрид, а во поглед на  завршени домови градени во индивидуална режија, најмногу се градело во Гостивар втора на листата е скопската општина Центар, а после неа следи Илинден.

Просечната корисна површина на завршените станови е 99,3 метри квадратни.

Можен ли е пораст на цената на становите?

Мал раст на цените на становите регистрираше Народната банка овој месец.

Според податоците на оваа институција има раст на цените за два отсто на годишно, односно за 1,5 отсто на квартално ниво.

Сепак, и од НБМ велат дека најверојатно трендот е од привремен карактер.

Имено нема позначајни разлики во понудата и побарувачката на станови.

Бизнисмените и експертите сметаат дека станува збор за размрдување на пазарот на недвижности предизвикано и од проектот „Купи куќа, купи стан“.

Цените на становите во Скопје и низ Македонија минатите три години имаа забележителен пад, за минимум 100 -200 евра од м2, во зависност од локацијата. Сега во Центар стан се купува и за 1100 евра по м2, во Карпош и Аеродром за 800 – 1000 евра по м2.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип