20 Декември, 2025
0.5680

Скопје се подготвува за бадникарските свечености

Објавено во: Мои пари 05 Декември, 2013 12:29

Добивај вести на Viber

Скопјани и годинава, по 22-ри пат, благодарение на активноста на Граѓанското здружение Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје, ќе им се радуваат на Бадникарските свечености. Направени се сите подготовки за успешно одвивање на манифестацијата, која наиде на општо одобрување и поддршка кај скопјани. В четврток, на 12. декември пред новинарите ќе бидат претставени Кумот и Здравичарот за Бадник 2014. Традиционално, на 22-ри, претпоследната недела во Декември, од падините на Водно на скопјани ќе им биде обзнането дека се е готово за централното одбележување на Бадник, на 6-ти Јануари на платото пред Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје. Уште еднаш ќе бликнат радост и среќа со бадниковото гранче, нафората и голтката топла ракија, во пресрет на Бадник и во предвечерјето на најголемиот Христијански празник Божик. Кумот за Бадник 2014 со пајтон ќе замине со преодниот Ќуп, откако ќе прими благослов од поглаварот на МПЦ Г.Г.Стефан, поздравен од своите сограѓани, задоволни што нивниот град негува уште една убава традиција.  

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии