26 Април, 2024
0.0275

Скопје Сити Мол – 10 години револуција во шопингот

Објавено во: Мои пари 28 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Првиот современ трговски центар во Македонија со потполно нов концепт кој ги обединува шопингот, забавата и дружењето е веќе препознаен како обележје на модерно Скопје. Скопје Сити Мол го прославува својот десетти роденден, а низ својата историја се етаблира како континуиран лидер вопоставувањето на шопинг трендови и уникатни содржини за своите посетители.

Покрај првиот Black Friday, како и првиот Late Night shopping во државата, Скопје Сити Мол постојано ја потврдува својата определба да ги воведува светските трендови и новитети во своето работење и да ги доближи до своите посетители.  Првите диносауруси во трговски центар, музеј на илузии, првиот селфи музеј, интерактивни изложби, едукативни детски работилници, детски претстави и забави, саеми на книга, модни настани, модни фестивали, поддршка на македонски дизајнери,  3 на 3 баскет култура, спортски дружења, хуманитарни проекти, наградни игри – сите овие настани потврдуваат дека главна одлика на Скопје Сити Мол е и уникатноста во содржината која е изградена да одговара на сите возрасти, но и на сечии потреби со цел да им обезбеди единствен простор за уживање на купувачите.

Секогаш следејќи ги трендовите на најдобрите трговски центри во светот и потребите на своите посетители и клиенти, Скопје Сити Мол по повод својот десетти роденден ја лансираше мобилната апликација МојCityMall, со што станува првиот трговски центар во нашата земја кој воведува програма на лојалност преку мобилна апликација.

„Продолжуваме во истиот ритам и во наредните 10 години – со врвна услуга, уникатно шопинг искуство, супер забава и имплементирање на светските трендови на домашниот пазар.“ – изјави Дамјан Корубин, маркетинг менаџер на Скопје Сити Мол.

Овој викенд со голема роденденска забава, Скопје Сити Мол го прославува десетгодишниот јубилеј. Со концерти и забава прилагодена на различни вкусови и возрасни групи, Скопје Сити Мол ќе ги прослави првите 10 години од своето постоење. Концертите се закажани на 30 септември, 1 и 2 октомври, на најгорното ниво на катната гаража во Скопје Сити Мол.

Тридневната роденденска забава започнува в петок (30ти Септември) со настапи на неколку познати диџеи од домашната клупска и радио сцена, како и со концерт на диригентот Џијан Емин & The Magical Orchestra: Електро Симфонија.

Ѕвезда на втората роденденска вечер што ќе се одржи в сабота (1ви октомври) ќе биде македонската поп-дива Каролина Гочева, а за загревање и продолжение на одличната забава ќе се погрижат домашни бендови и диџеи.

Програмата на третиот ден од роденденската забава, што ќе се одржи в недела (2ри Октомври)  е прилагодена најмногу за најмладите. Програма почнува со “Светот на Биби”, како и дружината од Фамилија 5+, а во музичкиот дел ќе настапат младите надежи од фестивалот Златно славејче.

Петок

20:00 - 21:00 OG! Локален ДиЏеј

21:00 – 22:30 Џијан Емин, ДиЏеј-и и филхармонија

22:30 – 23:30 Маци Стојанович

Сабота

20:00 - 21:00 Агни Авшар

21:00 – 22:45 Каролина Гочева

22:45 – 23:45 Константин Влахо

Недела

12:30 – 13:30 Биби и Боби,

13:45 – 14:45 Златно славејче

15:00 - 16:00 Фамилија 5+

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“