Скопје Сити Мол: По серијата земјотреси постапивме во согласност со сите протоколи за справување со непогоди
Објавено во: Мои пари 11 Септември, 2016 19:26
Скопје Сити Мол ја информира јавноста дека по серијата земјотреси кој го погодија Скопје во попладневните часови, Менаџментот на Скопје Сити Мол постапи во согласност со сите протоколи и процедури пропишани за справување со природни непогоди.
Имено оперативните служби на Скопје Сити Мол реагираа во пропишаниот рок, посетителите беа мирно и сигурно евакуирани надвор од објектот а службите на Скопје Сити Мол ги превземаа сите дополнителни мерки за безбедност. Истовремено Ве информираме дека по направениот увид низ објектот на Скопје Сити Мол , констатирано е дека нема настанато никакви штети во објектот. Менаџментот на Скопје Сити Мол донесе одлука објектот да биде затворен од превентивни причини, како и со цел вработените во локалите да бидат со своите најблиски во овие моменти. Од утре (12.09.2016г.) Скопје Сити Мол ќе продложи да работи во регуларно работно време.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




