Добивај вести на Viber
Некои скопски населби утре ќе немаат струја, други ќе немаат вода.
Поради уличен дефект, утре од 9 часот па сè до отстранување на дефектот, со намален притисок на вода ќе бидат граѓаните кои живеат во населбите Топанско Поле, Чаир и Скопје Север, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Без електрична енергија, од 14 до 16 часот, утре ќе бидат корисниците од улицата Вангел Тодоровски (број 2, 4, и 6), и улицата Коста Новаковиќ ( број 1, 3 и 5 ).
Исто така, во периодот од 9 до 15 часот, без струја ќе бидат и дел од селата Мечкин Камен (општина Ѓорче Петров) и Бразда (општина Чучер Сандево).