06 Декември, 2025
0.0562

Скопје вторпат мириса на кафе

Објавено во: Мои пари 12 Јуни, 2013 14:04

Добивај вести на Viber

Кафето има навистина посебна улога во животот на луѓето. Тоа е напивка што споила милиони луѓе во светот на нивниот прв состанок. Напивка што склучила милиони бизниси во целиот свет, што им помогнала на многу студенти да ги завршат големите испити, држејќи го будни и концентрирани. Со кафето е означен официјалниот премин од детството во зрелата доба. Културата на пиење кафе е долго присутна во европската традиција. Со намера велиме култура на пиење, затоа што пиењето кафе е настан кој со себе носи социјална димензија. Се пие во секоја прилика: со пријатели, со колеги, со роднини и соседи кога ќе дојдат на гости, со поубавата половина, на факултет, кога ќе “киднеме” од часови, на состаноци, наутро со цигара...списокот е речиси бескраен. Омилената реченица која ја слушаме и изговараме барем еднаш во денот е? “Ајде на кафе!”. СКОПЈЕ МИРИСА НА КАФЕ е мотото на второто издание на Coffe Fest, кој ќе се одржи од 13-16 јуни во кафе бар АБЦ и претставува настан кој го слави мирисот на кафето. Идејата на овој фестивал е на едно место да се соберат сите оние на кои кафето им претставува задоволство (производителите и дистрибутерите на кафе и опрема како и на крајните уживетели). Во четирите фестивалски дена покрај штандовите на изложувачите на кафе и чај, посетителите ќе можат да бидат дел од фестивалската бина која ќе биде центар за забава и едукација, преку презентации на нови производи, до натпревари на баристи, дегустации, after work забави, работилници наменети за најмладите,  музича програма. Не можеме да го избегнеме и тематско претпладне наречено Старо Скопје – наменето за оние кои го паметат “она” Скопје, ритуалот кафе во тоа време и друштвените игри. Во рамките на првиот фестивалски ден ќе се одржи второто Државно првенство на баристи на Македонија, во организација на Здружението на бармени на Македонија и Coffee Academy. Во рамките на Coffee Fest, ќе се одржи и изложба на фотографиите од наградниот конкурс КАФЕ МАФЕ. Најдобрите фотографии ќе бидат наградени од страна на Skopje Coffee Festival со курсеви по фотографија, награди од Купи слика како и ваучери за Coffee Festival. Фразата “Скопје мириса на кафе” означува повик на дружење и начин со некој близок да поминете дел од своето слободно време. Истражувањата покажуваат дека Македонците навистина уживаат да пијат кафе, тие го идентификуваат ритуалот на пиење кафе со дружењето, блискоста и уживањето. Токму поради тоа одлучивме дека овој настан ќе му го подариме вторпат на градот. – изјави Валентина Гаџовска – организатор на Skopje Coffee Fest 2013.    

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј