16 Јануари, 2025
0.0264

СКОПСКИ ФИРМИ: Градски Паркинг во загуба, останатите во ќар!

Објавено во: Македонија 17 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Јавното претпријатие Градски паркинг е единственото градско претпријатие кое минатата година ја завршило со загуба. Според финансискиот извештај на претпријатието, лани се генерирала загуба од околу 174 илјади евра. Од претпријатието посочуваат дека загубата во работењето е поради неколку фактори. Како клучни ги потенцираат, обврската за плаќање комунална такса од 10 отсто на што веќе со години реагира претпријатието, услугата за бесплатно паркирање на станарите во некои делови од градот, претплатата за станари но и за вработени во државни институции. Како причина за загубата се посочува и имплементација на еко проектите Изнајмување на велосипед, електромобил и електровелосипед, проекти кои како што се наведува во зивештајот, не носат финансиски бенефит,а од друга страна продуцираат трошоци. Дека приходите од еко проектите се мали покажуваат и бројките од извешѓтајот. Така приходите од изнајмување на велосипеди изнесуваат 1.000 евра, од изнајмување на електромобили претпријатието собрало 1.400 евра, а само 65 евра се приходи од изнајмување на електровелосипеди. Но и во годинешната Инвестициона Програма, претпријатието, планира освен оформување на  нови паркинг-зони, повторно да набави  електромобили, електровелосипеди,полначи, паркомати, како и  информатичка опрема, две пајак-возила, монтажни објекти, блокатори, софтвери и друго. Загубата ќе биде покриена од акумулираната добивка на претпријатието. Според извештајот лани ова градско претпријатие оставарило приходи во износ од 2.313.318 евра, и расходи во износ од 2.487.383 евра. Најголем дел од приходите или над 1,8 милиони евра се од јавните паркиралишта и  близу 400 илјади евра се приходи од Пајак Службата.Од претрпијатитето наведуваат дека има намалување на приходите од затворените паркиралишта,а зголемување е регистрирано од зонските паркиралишта. Приходите од Пајак Службата лани во споредба со претходната 2013-та година бележат пораст за 7,11 проценти. Минатата година претријатието исплатило близу 94 илјади евра повеќе за плати и надоместоци поради нововработени 17 лица кои во 2013-та година работеле како времено вработени. Над 98 илјади евра изнесуваат побарувањата на ЈП “Градски Паркинг” од купувачи и субјекти по основ на зонско паркирање. ЈП Паркови и зеленило лани со добивка,  годинава доби субвенции за нов Карусел Финансискиот извештај на ЈП “Паркови и зеленило” покажува дека лани претпријатието остварило приходи во износ ов 5.363.065 евра, а расходите се во износ од нешто повеќе од пет милиони евра. Претпријатието остварило нето добивка од 275.170 евра. За 8 процетни лани ЈП “Паркови и зеленило” ги зголемило трошоците за вработени, а како што се образложува во извештајот, зголемувањето е како резултат на префрлени времено вработени лица во редовен работен однос. Годонaва Инвестиционата Програма на ЈП “Паркови и зеленило” ќе се дополни со нова ставка односно набавка на  уште еден реквизит Карусел, за што Градот Скопје на претпријатието ќе му даде субвенции во висина од речиси 200 илјади евра. Дел од добивките за покривање загуби  Останатите јавни претпријатија кои се под капката на Град Скопје минатата година ја завршиле со добивка, која што дел од претпријатијата ќе ја искористат за покривање на акумулираната загуба. Така Јавното Собраќајно претпријатие нето добивката од 116.035 евра ќе ја искористи за покривање на дел од акумулираната загуба. Ова градско претпријатие минататата година остварило приходи од над 32 милиони евра и приближно толку и потрошило. Споредено со претходната 2013-та годин, лани ЈСП Скопје има пад на приходите и нето добивката. Над 9,5 милиони евра претпријатието потрошило за исплата на бруто плати за вработените. Оваа година  ЈСП Скопје, планира да вложи околу 2,5 милиона евра во набавка на систем за перење на автобусите, доизградба на Милениумски крст, компресорска станица, аларм и видеонадзор во автобуси и објекти, набавка на средства за одржување на возилата, реконструкција на хали, како и за четири фигури именувани како „стражари“. Годинава ЈСП Скопје ќе добие и субвенции од Градот Скопје во износ од 3,9 милиони евра. Најголем дел  парите се наменети за надминување на тешкотиите во работењето, за воведување на системите за автоматска локација на автобусите и за електронска наплата, за нови постојки и за бесплатниот превоз на возрасните лица. И ЈП “Улици и  Патишта” остварената ланска добивка од 278.742 евра ќе ја искористи за покривање на загубата од изминатите години. Лани ова претпријатие остварило приходи од 3.775.756 евра, а потрошило над 3,4 милиони евра. Најголем дел од приходите или околу 3,6 милиони евра се од продажба на услуги. Вредноста на пренесената загуба од минатите години изнесува 867.669 евра. Јавното претпријатие Комунална хигиена, минатата година ја завршило со добивка од 1.363.493 евра, која ќе ја распредели за реинвестиции, законски резерви и добивка по оданочување. Според финансискиот извештај , ова претпријатие лани остварило близу 18,8 милиони евра приходи, а потрошило околу 17 милиони евра. Во извештајот се наведува дека има зголемување на приходите од домаќинства, додека од фирмите приходите се намалени за 1,17 отсто. Регистрирано е зголемување на трошоците за сметководствени и финансиски услуги, исплати на адвокати нотари поради зголемување на тужените побарувања. За вкупните трошоци за вработените претрпијатието лани исплатило над 7 милиони евра, што е за 918 илјади евра повеќе од претходната 2013-та година поради зголемувањето на бројот на вработени за 193 лица. Вредноста на неплатените сметки од физички лица изнесува околу еден милион евра. ЈП Водовод и канализација лани произвело помалку вода Финансискиот извештај на ЈП “Водовод и канализација” покажува дека лани претпријатието произвело 100.467.113 метри кубни вода или за 2.233.037 метри кубни помалку од претходната 2013-та година. Во касата на претпријатието минатата година се собрале над 19,4 милиони евра, а се потрошиле околу 19,2 милиони евра.Претпријатието остварило нето добивка од 156.362 евра која ќе ја распредели во акумулирана добивка. Приходите од вода изнесуваат околу 16, 3 милиони евра. ЈП “Водовод и Канализација” од наплата на сметки за вода од фирми инкасирало 6.368.036 евра, додека приходите од сметки од домаќинствата изнесуваат 10.290.521 евра.Регистриран е пад на наплатата од фирмите. Наплатата од редовни сметки од домаќинствата изнесува 73,31 отсто а од тужените домаќинства 4,94 проценти. Наплатата од фирмите изнесува 63,3 отсто, додека од туженитекомпани изнесува 9,12 отсто. За исплата на нето плати и надоместоци лани претпријатието потрошило над 5,2 милиони евра. Оваа година  „Водовод“ во инвестиционата Програма планира вложувања во износ од  21 милион евра. Парите се наменети за различни сектори како  за водовод, канализација, технички развој, енергетска ефикасност, за извор Рашче, за мерење и контрола на квалитетот на пивката вода, механизација, информатичка технологија. Околу 7 милиони евра,пари обезбедени од кредит,  ќе се потрошат за доизградба на административниот објект под Kале. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села