05 Декември, 2025
0.0464

Скопски саем ќе почне со изградба на ЕРА Сити

Објавено во: Мои пари 14 Февруари, 2013 14:42

Добивај вести на Viber

По пет години откако беше најавена изградбата на деловниот и шопинг центар ЕРА Сити, Скопски саем најави дека ќе го реализира овој проект. За таа цел компанијата склучи договор со меѓународната групација Три Гранит, со која заедно ќе го реализираат проектот. Договорот за деловна соработка двете компании го потпишаа на 11 февруари 2013 година. Според соопштението од Скопски саем, развојните планови на групацијата ЕРА вклучуваат изградба на нов градски шопинг центар, кој ќе биде изграден во непосредна близина на центарот на градот Скопје и вклучува шопинг и забавен центар, деловни објекти и хотел. Претседателот на Управата на Групацијата ЕРА Гвидо Омладич изрази големо задоволство од потпишувањето на договорот што, како што вели, значи последен чекор во реализацијата на проектот ЕРА Сити. “Групацијата ТриГранит со своето знаење, искуство и успешни проекти, што се гледа од добиените награди „Developer“ за 2012 година, доделена од страна на CEE Real Estate Quality Awards, ќе го надогради нашето партнерство на највисоко квалитетно ниво. Со целокупниот комплекс Скопски саем и новоизградениот ЕРА Сити сакаме заедно со ТриГранит да ја зајакнеме улогата на водечки понудувач на меѓународни настани и event индустрија во ЈИЕ. Со додавање забавки и деловни содржини ќе ги надоградиме постоечките дејности и ќе ја искористиме меѓусебната синергија и на тој начин ќе ја зголемиме атрактивноста и уникатноста на целиот комплекс“, истакна Омладич. Извршниот директор на ТриГранит Арпад Торок истакна дека нивната компанија има долгогодишни искуства за развој на нови градски шопинг центри. „WestEnd Sity Center  во Будимпешта, Бонарка во Краков или Пзнан Сити Центарот, кој се отвора оваа година, се одлични примери за нашите обемни референци во Средна и Источна Европа. Го развивме и проектот Арена Центар, најголем трговски-забавен центар во Загреб и Арена Загреб, повеќенаменска спортска арена, кои се слични со проектот на групацијата ЕРА во Скопје. Како партнер за развој на Групацијата ЕРА, способни сме да ги искористиме искуствата, кои ги стекнавме досега и во Република Македонија, која за нас е нов пазар“, рече Торок. Извршниот директор на ТриГранит менаџмент Филип Еванс, потенцира дека со влегувањето на пазарот на Република Македонија го пришируваат не само нивното професионално портфолио, туку и сорботката при управувањето на саемскиот и изложбениот простор на нивното стручно портфолио. Тој додаде дека со потпишувањето на овој договор компанијата ТриГранит Менаџмент Корпорејшн го зајакнува присуството на Балканот. Корпорацијата ТриГранит, како дел од соработката, со Скопски саем ќе биде вклучена во реализација на настаните на Скопски саем и Метрополис Арена како повеќенаменска мултифункционална изложбена хала. Камен темелникот за изграднба на овој центар беше поставен на почетокот на 2008 година, но активностите за негова изградба беа одложени поради кризата

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!