20 Декември, 2025
0.0950

Герила акција

Скопските дрвја во синџири

Објавено во: Македонија 24 Јуни, 2019 17:43

Добивај вести на Viber

„Кога не разбирате што ви се зборува, ќе мораме да ви нацртаме“ – е пораката на О2 иницијатива, граѓанско здружение кое се бори за здрава животна средина и чист воздух. Денеска во герила акција во соработка со Институтот за комуникациски студии, како дел од кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“, во Градскиот парк во Скопје, симболично доцртувајќи ги забетонираните корења на дрвјата, ставајќи синџири и оставајќи пораки за слобода на зеленилото, ги повикаа надлежните градски и општински власти да го отстранат бетонот со кој се задушени корењата на повеќе од 1000 дрвја на територијата на Скопје, но и низ останатите градови во државата.


Како градоначалник кој раководи со Координативното тело на градоначалниците во градов, првиот човек на Скопје, Петре Шилегов има можност, но и должност, да го постави ослободувањето на сите заробени дрвја како заедничка акција. Шилегов неодамна изјави дека само 187 од над 1,000 заробени дрвја во Скопје биле под нивна наделжност, но дури и од нив градот во период од 6 месеци, ослободил само 20. 
Ефектот на една крошна од овие возрасни дрвја не се реплицира ниту со 100, ниту пак со 200 ново засадени.


Според експертите од шумарскиот факултет, дрвјата мора да бидат ослободени веднаш, без ниту еден ден допонително одолговлекување бидејќи летните жештини и високите температури ќе значат угинување на најмалку 200 до 300 повеќе децениски, во моментов исклучително загрозени дрвја.


Деканот на Шумарскиот факулет Кирил Сотировски, на неодамнешната конференција #ШансаЗаСкопје, изјави дека Скопје претставува термички, топлотен остров, бидејќи со неконтролираната урбанизација зеленилото е уништено на големи површини, а голем дел од постоечките дрвја не се здрави.


Зелените површини според генералниот урбанистички план на Скопје во 2012 година завземаат вкупно 529 хектари односно 6 отсто од вкупната површина на градот, се наведува во студијата за озеленување и пошумување на подрачјето на Град Скопје од 2015 година. 
Едно дрво може да претставува живеалиште на голем број птици и инсекти. Колку е крошната поголема, толку е поголем неговиот биодиверзитет. Дел од жителите на крошните се биоконтролори на паразитите кои се штетни и за човекот. Биодиверзитетот во урбаните области ни обезбедува и економски и еколошки придобивки, кои значајно влијаат врз квалитетот на животот на градските жители. Градското зеленило го прочистува воздухот и ја апсорбира прашината и штетните гасови за 30 до 40 отсто. Во деловите со интензивно зеленило, загаденоста на воздухот е за два до три пати помала од другите делови на градот. Градските паркови штитат од бучава, силно сонце и ветрови и ја регулираат температурата во населбите. Еден градски парк со димензии од 10 хектари ја намалува температурата во околината за еден степен целзиусов.

#НеИгнорирај #Реагирај #o2inicijativa #о2иницијатива #ИКС #СлободаЗаДрвјата

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки