Добивај вести на Viber
Нов изглед на Скопско Радлер промовира Пивара Скопје. Интересно е што старата „тапа“ е заменета со со практично ring pull капаче за полесно отворање.
-Задоволството и желбите на потрошувачите за нас се од најголемо значење. Оттука произлегува и нашата постојана посветеност за воведување новитети на пазарот во вид на нови вкусови, но и иновативни пакувања кои ќе ги задоволат очекувањата на потрошувачите. Таков новитет е новото практично пакување на СКОПСКО Radler со кое овој пијалак станува подостапен за сите негови љубители. Исто така, на ваков начин дополнително го зајакнуваме имиџот на овој пијалак кај младите и активни луѓе, кај кои СКОПСКО Radler стана синоним за двојно освежување. Уверени сме дека СКОПСКО Radler со своето модерно и практично пакување ќе освои уште повеќе приврзаници”, изјави Катерина Хаџи-Ангелеска – Начевска, специјалист за односи со јавноста во Пивара Скопје АД.