СКОР ОД СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ: Колку лани за цела година, годинава за половина, ама сумите разочарувачки
Објавено во: Економија 01 Септември, 2021
Во текот на второто тромесечје годинава вкупните директни инвестиции во земјата се 207, 4 милиони евра, измери Народната банка. Што ги зголеми нето приливите- врз основа на меѓукомпанискиот долг има прилив од 101,6 милиони евра, реинвестираната добивка за 75,1 милион евра, а внесот на сопственички капитал е згоголемен за 30,8 милиони евра.
Од почетокот на годината, вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 244,3 милиони евра, затоа што првиот квартал беше исклучително слаб односно тогаш како нето приливи беа само околу 25 милиони евра. Вкупниот скор за полугодието е резултат на растот на реинвестираната на добивката и сопственичкиот капитал.
Годинава има добар резултат со оглед на тоа што лани за време на целата година во земјава имаше приливи од странски капитал во вредност од 240 милиони евра. Минатата година беше пандемиска година, во која поради предизвиците од здравствен аспект настрада и економијата, а реалниот сектор се уште има потреба од фискален стимул за да издржи. Во вакви околности, сметаат аналитичарите, можеше да се поентира и дел од изгубеното да се компензира со поголеми приливи од странски инвестиции, особено што поради кризата имаше некои поместувања на пазарите и зголемување на атрактивноста на овој регион за западните инвеститори.
Во 2019 година вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 326,3 милиони евра. Ова е лош резултат ако се споредува со годината пред тоа односно со 2018 година кога имаше своевиден рекод во овој поглед односно во тој период влегоа во земјата странски инвестиции вредни дури 624 милиони евра.
2020 година - 239,8 милиони евра
2019 година 326,3 милиони евра
2018 година 624,49 милиони евра
2017 година 181,73 милиони евра
2016 година 338,43 милиони евра
2015 година 216,72 милиони евра
2014 година 205,14 милиони евра
2013 година 252, 20 милиони евра
А.Т.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.