СКОРО 7.000 СЛОБОДНИ РАБОТНИ МЕСТА ЗА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Младите не можат да се справат со стресот, даваат откази
Објавено во: Економија 03 Декември, 2023 10:29
Иако професијата
останува популарна во Швајцарија, во земјата има речиси 7.000 слободни работни
места за медицински сестри. Во Швајцарија, речиси 300 медицински сестри секој
месец ги напуштаат своите работни места, главно поради лошите услови за работа,
што претставува голем предизвик за швајцарските болници, пренесува swiss.info.
Медицинските сестри, меѓу другото, ги наведуваат стресот, ниските плати и неможноста да го балансираат приватниот и професионалниот живот како причини за напуштање на работата. Истражувањата покажуваат дека 36 отсто од младите медицински сестри на возраст меѓу 20 и 24 години ја напуштаат професијата во текот на првите неколку години на работа.
„Не можам да замислам да бидам на оваа работа за пет години ако продолжиме со ова темпо. Често размислувам за промена на работа.
Сите мои колеги размислуваат за промена на работното место, а заминувањата се редовни“, вели една медицинска сестра која сакаше да остане анонимна.
Иако оваа професија е сè уште популарна во Швајцарија, во таа земја има речиси 7.000 слободни работни места за медицински сестри, пишува порталот.
ФОТО: Unsplash/NCIМожеби ќе ве интересира
Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци
Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година
Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти
Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?
Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?
Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците
Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?
Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност




