„Сковин“ го исплати долгот кон лозарите
Објавено во: Агробизнис 02 Април, 2013
Винарската визба „Сковин“ денеска целосно ги исплати обврските кон лозарите за 2012 година, како и за лани, пред истекот на законскиот рок, соопштија од компанијата.
Оттаму информираат дека визбата годинава обработи рекордни 18,5 милиони килограми грозје, про што има откупено 15,5 милиони килограми грозје од откупни центри, производители и физички лица. Останатите 3 милиони килограми грозје се обезбедени од сопствени лозови насади.
„Сковин останува доследна на својата деловна политика за регулирање на преземените обврски и почитување на временските рокови кон сите свои деловни соработници и кооперанти. Деловна политика на визбата е да ги почитува роковите за да им овозможи на кооперантите да вложуваат во зголемување на производството и неговиот квалитет. Добрите односи со лозарите се наш највисок приоритет. Квалитетот на нашиот производ директно зависи од квалитетот на нивниот. Затоа, не можеме да дозволиме негата на лозјата и насадите да зависи од исплатата на долговите“, изјави извршната директорка Марија Митева на денешната средба со лозарите.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.