Добивај вести на Viber
Франција ќе оствари слаб раст во вториот квартал, откако ја избегна рецесијата во првиот квартал од оваа година, објави денеска Француската централна банка.
Банката проценува дека втората по големина економија во еврозоната ќе се зголеми за 0,1 процент во овој квартал, односно истата проценка која ја имаше и за вториот квартал.
Проценката е објавена како дел од редовното месечно истражување на деловната клима која покажа знаци за стабилизација по неколку месечното влошување.
Така, индексот на деловната клима за индустрискиот сектор во април се зголеми малку, на 94 поени, од 93 поени колку што изнесуваше во март. Во секторот за услуги индексот остана непроменет на 88 поени, што е неговото најниско ниво од средината на 2009 година.
Државниот завод за статистика наредната недела ќе ги објави податоците за БДП во првите три месеци од оваа година.
Две илјади милијарди евра вредната економија балансира на работ на рецесијата, со рекордна невработеност и притисокот на владините мерки за штедење на корпоративната и личната потрошувачка.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.