Слатките Габриел и Анастасија ги добија првите подароци од Шилегов и Царовска
Објавено во: Македонија 01 Јануари, 2020 12:34
Градоначалникот Петре Шилегов, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и заменик министерот за здравство, Арменд Арслани денеска во ЈЗУ „Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје“ ги посетија првите бебиња - близнаци кое се родија во Новата 2020 година.

Близначиња, женско и машко, се првите бебиња што се родија годинава во Скопје. Бебињата се родени на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. Првото е женско, родено во 00:01 часот, тешко 2.360 грама и долго 47 сантиметри, а второто е машко и е родено во 00:03 часот, тешко 1.760 грама и долго 46 сантиметри.

Мајката на близначињата е Снежана Рунтева, а братчето и сестричето ќе се викаат Габриел и Анастасија.

Градоначалникот Шилегов на мајката и семејството им честита за близначињата, посакувајќи им добро здравје и многу среќа. Тој на семејството во име на Град Скопје му додели паричен надоместок за близнаците и други пригодни подароци.
Шилегов ја искористи приликата да ја честита Новата 2020 година на граѓаните и им посака добро здравје, среќа и успеси.
Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните




