СЛАВЧО ПОПОСКИ: МОЌЕН ЏЕНОВСКИ ЦИКЛОН НА БАЛКАНОТ ЌЕ ДОНЕСЕ ДУРИ ДО ОКОЛУ ЕДЕН МЕТАР СНЕГ!
Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2023
Meтеорологот Славчо Попоски вели дека за време на викендот, особено во недела, како и во понеделник низ Балканот, особено Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и делови од централна и западна Србија, како и планинските предели на Црна Гора ќе ги зафати вистинско снежно невреме.
Сето ова ќе биде поради влијанието на моќниот џеновски циклон и поради продорот на студен воздух од север.
„Локално ќе наврне и до 50 цм снег (и понекаде во градовите). Во Горски Котар (Хрватска) се очекува и до околу еден метар снег (100 цм). Температурите значително ќе се намалат, а сето ова ќе биде проследено со силен ветер од североисточен правец (на Јадранот силна бура). Во Македонија од викендот ќе има врнежи само од дожд и тоа поради пристуство на потопол воздух од југ. Снег е можен само на највисоките планини, а ќе дува и засилен јужен и југозападен ветер. Температурите кај нас ќе бележат тенденција на мал пад, што значи дека и понатаму ќе биде натпросечно топло“, вели Попоски.
За време на викендот, особено во недела како и во понеделник нашите граѓани доколку планираат да патуваат во наведените балкански држави, да бидат крајно претпазливи во случај на појава на невреме кое би можело да биде проследено и со грмежи, како и олуен ветер, особено долж Јадранот (можни се локални поплавувања).