17 Декември, 2025
0.0773

Славчо Попоски најави дека невреме се приближува кон Македонија

Објавено во: Македонија 21 Јуни, 2022 16:50

Добивај вести на Viber

Meтеорологот Славчо Попоски вели дека кон Македонија се приближува невреме, кое ќе биде проследено со прооен дожд, силен ветер, грмежи и град. 

Објаснува дека до крајот на денов времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Особено Долж Повардарието и во источните предели ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Доцна попладне и навечер и тоа во северните предели ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 37 степени.

„Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 35 степени. Потоа во следните денови времето во Македонија ќе се задржи многу топло и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, а во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи. Поголеми услови за нестабилност и на повеќе места ќе има утре и во четврток, кога ќе има услови за појава на локално невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град“, вели Попоски. 

Што се однесува до температурите, тие во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат до околу 40 степени. Пад на температурите за неколку степени ќе има само во петок.

Можеби ќе ве интересира

Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка

Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка

„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката

„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката

ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско

ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6

Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6

Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...

Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...

„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите

„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите

Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол

Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол

АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата

АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата