Славчо Попоски порачува да не патувате деновиве за Грција: Најави вонредна прогноза на времето!
Објавено во: Балкан 25 Јуни, 2018
Во ек се летните одмори па нормално е повеќето од вас да го испланирале или резервирале летувањето токму оваа недела.
Сепак, не баш добра временска прогноза пристигна од метеопрогнозерот кој што ги предвиде поплавите во Скопје кои однесоа неколку животи.
Советите од метеорологот се во следните три - четири дена да не патувате во соседна Грција бидејќи прогнозира моќен циклон кој ќе донесе интензивни врнежи од дожд на многу места.
Попоски посочува дека моќната Силвија од утре поточно ноќта кон втоник и во вторник ќе влијае на времето во оваа држава најавувајжи огромно количество на врнежи кои можат да предизвикаат поплави.
Ова е картата на Попоски каде тој најавува поинтензивни врнежи.
Не се исклучени силни ветришта и локални грмежи.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.