20 Декември, 2025
0.1094

„Славеј“ со бесплатни ортопедски помагала за лицата со инвалидитет

Објавено во: Мои пари 02 Декември, 2013 19:02

Добивај вести на Viber

Центарот за ортотика и протетика „Славеј“ од Скопје, го прогласи месец декември за месец без партиципација. Со оваа акција, сите членови на Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија или некое друго здружение на лица со телесен инвалидитет, во просториите на „Славеј“ ќе бидат опслужени со еден дел од големиот дијапазон на ортопедски помагала, кои што се и ќе бидат единствено решение за оваа категорија на лица, посочуваат од центарот. „Искрено се надеваме дека со нашата акција која трае од 2-ри до 31-ви декември оваа година, ќе им оствариме можност и олеснување на телесно инвалидизираните лица активно да се вклучат во општеството. Во пресрет на оваа акција ги ослободуваме од партиципација и сите лица кои користат високоперформантни анатомски пелени. Целта е да ја подигнеме свеста во јавноста за постоењето на овие лица и да им овозможиме полесен и квалитетен живот, затоа што тие не се само семејна грижа, туку и општествена“, велат од „Славеј“. 3-ти декември се одбележува како Меѓународен ден на лица со инвалидитет, чија точна бројка во Македонија се уште не се знае. Секојдневната борба за подобрување на квалитетот на живеење, за поголема мобилност и вклученост во општествениот живот, укажува на нивната потреба од поддршка од институциите но и од центрите за здравство.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии