02 Февруари, 2025
0.0335

СЛАВЕСКИ ЗАРАДИ ПРОБЛЕМОТ СО АВТОБУСИТЕ СВИКА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ: Еве што објави тој

Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Претседателот на Совет на Скопје Трајко Славески за денеска во 18 часот закажа итна вонредна седница на која треба да се расправа за нефункционирањето на јавниот превоз во градот, откако автобусите на ЈСП прекинаа да сообраќаат поради недостиг на гориво.

-Нефункционирањето на јавните претпријатија во надлежност на град Скопје, задолжени да обезбедуваат витални услуги за граѓаните, достигна кулминација. Совет на град Скопје на 21 ноември, ќе одржи итна вонредна седница со почеток во 18:00 часот. Советот, во рамките на своите надлежности, е подготвен низ конструктивна расправа да усвои заклучоци со кои ќе побара од надлежните, пред сѐ од градоначалникот Арсовска и директорите, итно да го нормализираат јавниот превоз на територијата на град Скопје и да го подигнат нивото на хигиена, сподели Славески преку социјалните мрежи.

Свикување вонредна седница за проблемите со превозот побара и опозициската СДСМ. Лидерот на партијата Венко Филипче преку соопштение предупреди дека состојбата во Скопје е алармантна и оти градот е во криза. Иницирана е итна седница на Советот на Град Скопје за да се изнајдат конкретни мерки за излез од кризата.

- Доколку и овој обид за заедничка акција биде опструиран, ќе го преиспитаме нашето учество во Советот, бидејќи нема да бидеме параван за лошите политики што го уништуваат нашиот град, соопшти Филипче. 

Јавниот превоз во главниот град од вчера е максимално редуциран поради недостиг на гориво за автобусите на ЈСП Скопје.

Од вчера попладне сообраќаат само 25 автобуси, а останатите се паркирани во автобазите на ЈСП „Скопје“ во Автокоманда и Ѓорче Петров.

Од Град Скопје, пак, одговорноста во врска со кризата што настана Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) кое остана без нафта, ја префрлаат на совтениците на ВМРО-ДПМНЕ и на директорката на Бирото за јавни набавки поради поништената постапка за набавка на гориво за автобусите. 






Можеби ќе ве интересира

АДВОКАТОТ ЈАНАКИ МИТРОВСКИ ИМ ПОМАГА НА ЛУЃЕ И БЕСПЛАТНО, СИЛЕН ВО СУДНИЦА, И ШАРМЕР ПРИВАТНО: Освојува со професионализам и префинетост

АДВОКАТОТ ЈАНАКИ МИТРОВСКИ ИМ ПОМАГА НА ЛУЃЕ И БЕСПЛАТНО, СИЛЕН ВО СУДНИЦА, И ШАРМЕР ПРИВАТНО: Освојува со професионализам и префинетост

ТОШКОВСКИ - НАМЕРНА ЗЛОУПОТРЕБА НА ТРАГЕДИЈА ОД СТРАНА НА СДСМ: „Избраа да водат некрофилска кампања“

ТОШКОВСКИ - НАМЕРНА ЗЛОУПОТРЕБА НА ТРАГЕДИЈА ОД СТРАНА НА СДСМ: „Избраа да водат некрофилска кампања“

КОЈ МУ ДАДЕ ТЕЛЕФОН ВО ПРИТВОР? Васил „уловен“, а јавноста уште побесна

КОЈ МУ ДАДЕ ТЕЛЕФОН ВО ПРИТВОР? Васил „уловен“, а јавноста уште побесна

ГО УДРИЛА ПЕШАКОТ, И НЕ МУ УКАЖАЛА ПОМОШ ТУКУ ИЗБЕГАЛА: Обвинителството бара притвор за жената, осомничена е дури за две кривични дела

ГО УДРИЛА ПЕШАКОТ, И НЕ МУ УКАЖАЛА ПОМОШ ТУКУ ИЗБЕГАЛА: Обвинителството бара притвор за жената, осомничена е дури за две кривични дела

(ВИДЕО) ВЕЛИЈА РАМКОВСКИ – „РЕАЛНАТА ЦЕНА НА ЛЕБОТ Е 17 ДЕНАРИ“: прашува зошто да нема регулаторно тело за лебот

(ВИДЕО) ВЕЛИЈА РАМКОВСКИ – „РЕАЛНАТА ЦЕНА НА ЛЕБОТ Е 17 ДЕНАРИ“: прашува зошто да нема регулаторно тело за лебот

Д-р Пејкова во Клиника Жан Митрев применува најнови методи за дијабетично стапало

Д-р Пејкова во Клиника Жан Митрев применува најнови методи за дијабетично стапало

„ЕДНОТО СЕМЕЈСТВО СОЗДАЛО УБИЕЦ, НИ СЕ СЛУЧУВА КЕЦМАНОВИЌ НА УЛИЦА“: Професорката Алексиќ – имаме закон продаден за пари

„ЕДНОТО СЕМЕЈСТВО СОЗДАЛО УБИЕЦ, НИ СЕ СЛУЧУВА КЕЦМАНОВИЌ НА УЛИЦА“: Професорката Алексиќ – имаме закон продаден за пари

ОСТАВИЈА КРВАВИ РАЦЕ ПРЕД СУДОТ: Протестите ќе продолжат од понеделник

ОСТАВИЈА КРВАВИ РАЦЕ ПРЕД СУДОТ: Протестите ќе продолжат од понеделник

ВМРО-НП: Граѓаните да ги бојкотираат концертите на музичките групи од поранешна Југославија

ВМРО-НП: Граѓаните да ги бојкотираат концертите на музичките групи од поранешна Југославија