ТИНЕКС: ДО ДОБАВУВАЧИТЕ НА ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје
Објавено во: Мои пари 31 Јануари, 2025 12:21
ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје како компанија чија приоритетна дејност е трговија на мало , веќе подолго време е изложена на погрешна перцепција од страна на јавноста дека цените во нашите малопродажни објекти се одраз исклучиво на нашата политика на високи малопродажни маржи, а сето тоа усмерено кон постигнување на екстра зголемен профит. Принудени сме на прво место да ги заштитиме нашите потрошувачи а со самото тоа и сопственото работење. Во насока на зачувување на угледот на компанијата и кредибилитетот на пазарот каде етички и професионално работиме веќе 30 години, донесовме одлука да ги превземе следните мерки:
-Ве известуваме дека ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје во првиот кваратал на 2025год. нема да прифаќа изменети ценовници за Вашите производи. За пријаваните зголемени цени до моментов, предлагаме да се вратат на ниво пред поскапувањето односно од пред 01.01.2025година.
По истек на првиот квартал, единстевно ќе бидат прифатливи за нас измени на цени до ниво право пропорционално со годишната стапка на инфлацијата согласно официјалните податоци на Државниот Заводот за статистика.
Во случај Вашиот ценовник да биде изменет спротивно на нашата одлука за работење, ќе бидеме приморани дел од производите кои не се во согласност со нашата одлука да не ги набавуваме.
Очекуваме дека со разбирање ќе ја примите оваа наша одлука, во ова време на предизвици за сите нас.
Со почит,
ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје
Управител
Кристина Тодоровиќ Николиќ
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА




