05 Декември, 2025
0.2405

„Славија“ на продажба

Објавено во: Економија 11 Декември, 2012 15:13

Добивај вести на Viber

Преку јавна берзанска аукција Агенцијата за управување со одземен имот на 19, 20 и 21 декември 2012 година, преку Македонската берза АД Скопје, ќе понуди за продажба пакет акции издадени од „Славија“ АД Скопје. На продажба ќе бидат  4.285 обични акции во пакет по принципот се или ништо. Акциите се со право на глас и ќе бидат понудени на јавна берзанска аукција на посебен сегмент за тргување на Берзата, со почетна цена по една акција од 105.473 денари или 1.715 евра. Ова значи дека вкупниот капитал, кој ќе се понуди на продажба, е со почетен износ од 7,35 милиони евра. Тој изнесува 98 отсто од вкупниот, додека останатите 2 отсто од капиталот или 88 акции, се во сопственост на приватни лица. АД „Славија“во последните две децении најголем дел од приходите, над 99 отсто, остварува од наеми. Компанијата лани имала вкупни приходи од 70,3 милиони денари (1,14 милиони евра), а во првите 9 месеци од годинава 59,5 милиони денари (974 илјади евра). Компанијата известува дека сумите од наеми постојано се зголемуваат во последниве 3 години. „Славија“ е основана во 1953 година, за во раните 80-ти години да има 200 продавници и 8 супермаркети, со над 1.380 вработени. Во 1996 година е отворен стечај, додека во 2010 година имотот на претпријатието е префрлен на Агенцијата  за управување со одземен имот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата