СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА: Оние кои брзат на лекар, ќе бидат пропуштани и за време на полицискиот час
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 09 Април, 2020
Граѓаните кои имаат итна
потреба од лекар, а на сила е полицискиот час, не мора да се јавуваат на
телефонскиот број 192, туку веднаш да се упатат во најблиската здравствена
установа. Ова беше сооштено на информативната видео сесија, која од вчера ја
започна Владата, а преку која граѓаните може да се информираат за најважните
прашања поврзани со кризната состојба.
Заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска, истакна дека ова прашање е земено предвид, па така сите оние кои мораат да постет лекар, може веднаш да се упатат во најблиската, болница, амбуланта, здравствен дом.
-Доколку бидат сопрени
од теренските контроли, доволно е да ја кажат точната локација на здравствената
установа во која се упатуваат. Тие ќе бидат евидентирани и пропуштени, а
полицијата ќе изврши дополнителна контрола дали лицето навистина се упатило на
наведената локација рече Петровска
Сепак, Петровска потенцираше дека сите обиди за злоупотреби ќе бидат казнети.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.