СЛЕДЕЛ ТИНЕЈЏЕРКА НИЗ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ПА ДО ВЛЕЗ ВО ЗГРАДА КАДЕ ЈА НАПАДНАЛ - доби забрана да и се приближува

Објавено во: Македонија 26 Јануари, 2025
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 21-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил други полови дејствија кон 19-годишна девојка, односно кривично дело од член 186 став 7 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
- На 14 јануари девојката влегла во трговски центар и додека плаќала на една од касите ја забележал осомничениот кој пазарел во истата продавница. Ја следел извесно време додека девојката влегла во зграда во близина на трговскиот центар. Во влезот ја нападнал и започнал да ја допира. Жртвата се спротивставила и почнала да вика, по што осомничениот ја ослободил и избегал. Полицијата го пронашла и го лишила од слобода неколку дена подоцна - објаснуваат од ОЈО.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост – одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница, обврска осомничениот да се јавува кај определено службено лице во судот и забрана да се приближува или да воспоставува контакти со жртвата.
Судот донесе решение со кое ги определи мерките за обезбедување.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Семејството на Јованов се појави во јавност и изрази сочувство до Кулакови

ТРАМП ЌЕ ДЕПОРТИРА И ЛУЃЕ ОД БАЛКАНОТ: Додик не сака да прими тврдокорни исламисти

МАЈКАТА НА ЈОВАНОВ: Загубата е ненадоместлива и непрежалива, се зацрнија два дома

ФОРИН ОФИС: Британските граѓани да внимаваат при патувања во Македонија

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Се запалила просторија во училиште

ТРАЈКОВСКИ ТРПЕЛ ЗАКАНИ ОД ЧЛЕНОВИ НА „ДЕСНА“: Му рекле дека ќе падне во бунар ако не внимава што зборува
АПЕЛАЦИЈА ЈА СМЕНИ КАЗНАТА: Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор за претходно дело

СЕ ЗАГЛАВИЛ ВО РАБОТНА МАШИНА: Работник од Бангладеш загина во кратовско

ГО НАРУШИЛА УГЛЕДОТ НА СУДИИТЕ: Ќе има интерпелација за Весна Дамева
