Следете го во живо пресот на Филипче
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 21 Март, 2020
Следете ја во живо денешната прес конференција на министерот за здравство Венко Филипче.
Претходно министерот за здравство Венко Филипче на фејсбук напиша дека се регистрирани 9 нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 85.
Според местото на постојано живеење, случаи на КОВИД-19 се регистрирани во 6 градови: Скопје, Дебар, Штип, Кавадарци, Гостивар и Охрид.