Следната недела ќе се знае одлуката за контра мерките на Србија
Објавено во: Агробизнис 22 Август, 2013 12:42
Наредната недела ќе се знае одлуката за тоа дали Србија ќе воведе контра мерки за Македонија поради условувањето на увозот на српска пченица и брашно. Ова денеска го соопшти српското министерство за трговија.
„Србија во минатиот петок официјално побара одговор дали таа одлука е укината, но се уште немаме повратна информација“, изјави помошник министерот за трговија Бојана Тодоровиќ за српската новинска агенција Бета.
Таа прецизира дека одлуката ќе биде донесена откако ќе заврши реконструкцијата на српската влада.
Србија на 16 август и официјално побара одговор од Македонија дали ја укине спорната одредба, но се уште не добиле одговор.
„Настојуваме преку дипломатски притисок тоа да го решиме,“ изјавила помошник министерот за трговија Бојана Тодоровиќ, пишува српски „Блиц“.
Таа укажала на тоа дека укинувањето на одредбата на Владата на Македонија за условениот увоз на брашно и пченица од Србија или евентуалното воведување на контармерки, не е само прашање на Министерството за трговија, туку и за целата Влада на Србија. Одлуката ќе се знае наредната недела, кога ќе заврши реконструкцијата на Владата.
Македонската влада ја воведе мерката на 1 јули со што го ограничи увозот на брашно и пченица од Србија.Се предвидува за еден килограм на увезена пченица, македонските увозници да мораат да купат три килограми домашна. А, за еден килограм брашно, да купат четири килограми домашно жито.
Како закана од српска страна се наведува ограничување на увозот на сезонскиот зеленчук и вино од Македонија.
Според податоците на српското Министерство за трговија, Србија во Македонија извезува околу 50 илјади тони пченица и измеѓу 30 и 40 илјади тони брашно.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





