Следниот месец нов повик за ИПАРД
Објавено во: Агробизнис 09 Декември, 2016 11:56
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во јануари 2017 година ќе објави нов јавен повик.
Тој ќе се однесува за доставување барања за користење финансиски средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија – ИПАРД Програма за периодот 2014-2020 година.
Огласот ќе трае најмалку 45 дена од денот на објавување на Јавниот повик во дневните весници.
Целта на ИПАРД Програмата 2014-2020 е преку развој на човечкиот и физички капитал да се подобри безбедноста на храната и способноста на земјоделско-прехранбениот сектор за справување со конкуренцијата на пазарот, како и за постепено усогласување на секторот со стандардите на Европската Унија, особено оние кои се однесуваат на хигиената и животната средина, а во насока на постигнување на рамномерен територијален развој на руралните средини.
Финансиските средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 од јавниот повик се наменети за инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства, инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи и диверзификација на фармите и развој на бизниси.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





