Сликање на Ајфеловата кула ноќно време казниво
Објавено во: Мои пари 18 Ноември, 2014
Ајфеловата кула е изградена во 1889 година што значи дека припаѓа на јавнo сопствеништво, така да туристите можат безгрижно да ја сликаат во текот на денот.
Меѓутоа, светлата кои во текот на ноќта ја осветлуваат оваа градба технички претставуваат уметничко дело, така да нивната репродукција бара дозвола за уметници.
Ова исто така значи дека технички е нелегално да се споделуваат слики од Ајфеловата кула на социјалните мрежи.
- Светлосните ефекти на Ајфеловата кула се заштитени авторски права - изјавил Димитар Димитров, експерт за закон на европската подружница Wikimedie. На официјалниот сајт на Ајфеловата кула стои дека фотографиите можеби се подложни на одредени рестрикции, а нагласено е дека сликите направени во текот на денот се ослободени од авторски права, додека сликите од ноќното осветлување се подложни на авторските права.
Многу градби ширум Европа имаат заштитени авторски права, а туристите мора да побараат дозвола од сопственикот на авторското право како би ги споделиле своите фотографии. Во Романија, Бугарија и Словенија, дозволено е да се сликаат јавни згради се додека тие слики не се наменети за продажба.
Од друга страна, во Обедиетото Кралство, Холандија и Германија, туристите можат да сликаат и споделуваат фотографии на јавните згради од било кои причини.