19 Декември, 2025
0.0500

Слога Пром го отвори Тенискиот клуб Слога во Кавадарци

Објавено во: Мои пари 01 Октомври, 2022 16:41

Добивај вести на Viber

Слога Пром свечено во присуство на своите вработени  го отвори Тенискиот клуб Слога. Воедно, како дел од клубот беше промовирано и тениското игралиште лоцирано во кругот на самата компанија. Тениското игралиште е придонес од компанијата Слога Пром и е наменето за вработените, за децата на вработените, а ќе биде достапно и отворено и за младите од Кавадарци и околината кои сакаат да тренираат тенис. Според компанијата, целта на создавањето на овој клуб и игралиштето е да се поттикнат и мотивираат вработените  и нивните семејства на физичка активност,тимска работа и тимски дух.

„Создавањето на овој тениски клуб и игралиштето започна како идеја да им овозможиме на вработените место за рекреација и релаксирање. Во текот на реализацијата, гледајќи колку недостигаат вакви центри и колку е неопходно да се промовираат спортските и физичките активности меѓу сите генерации, ги проширивме намената и целта, така што денеска сме горди што го направивме ова игралиште и создадовме место, каде освен вработените и сите граѓани на Кавадарци, а посебно децата, ќе може да се рекреираат, натпреваруваат и спортуваат и со тоа да се развијат во среќни и здрави возрасни луѓе. Веруваме дека на ваков начин, со создавање на спортско рекреативни капацитети, можеме многу да придонесеме за здравиот начин на живот кај сите нас. Ова е исполнување на една општо корисна иницијатива и е дел од нашата, компаниска општествено одговорна цел и мисија, да создадеме здрава и пријатна работна атмосфера за нашите вработени и да придонесуваме за заедницата, за подобрување на состојбите и поголема грижа за граѓаните“, изјави Ласко Јованов, генерален менаџер и косопственик на Слога Прoм на свеченото во отворање на тенискиот клуб.


Игралиштето е со димензии 37х18m и е целосно направено според стандардите на АТП. Единствено е во Македонија со подлога вештачка трева super soft. Како дел од активностите на Тенискиот клуб Слога и за исполнување на целта во популаризација на спортската култура и тенисот како сеопфатна спортска активност, ќе воспостави соработка со локални тениски тренери а во догледно време ќе се организираат и турнири и натпреварувања.

ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии