Словачка забрани патување во странство
Објавено во: Свет, Корона Вирус 17 Март, 2021
Поради новите соеви на коронавирусот, Словачка забрани патување во странство. Не е дозволено напуштање на земјата за празниците со цел да се забави пандемијата со коронавирусот.
Патувањата во странство ќе бидат дозволени за деловни и слични цели. Забраната е продолжување на ограничувањето на внатрешното движење врз основа на кое луѓето не можат да ги напуштат своите области без валидна причина, пренесуваат агенциите. Наредбата следуваше со цел да се спречи стравот и можноста од опасни мутации на коронавирус од странство. Словачка, земја со 5,5 милиони жители е меѓу најпогодените земји од коронавирусот во последните неколку недели, со околу 4.000 пациенти во болници и околу 100 починати на ден. Неколку соеви се шират во Европа.
Деновиве и во Франција е откриен нов сој, кој ПЦР тестовите тешко го откриваат.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.