СЛОВЕНЦИТЕ ЌЕ ПОЧНAT ДА ПАТУВААТ: Повтроно отворање на аеродромите во Словенија
Објавено во: Економија, Балкан 12 Мај, 2020
Редовните и чартер летовите на меѓународните авионски линии повтроно ќе бидат отворени за патниците во Словенија. Вака одлучи словенечката влада, но со напомена дека одлуката ќе се реализира од почетокот на јуни.
-Релаксирањето на мерките е од огромно значење за авиокомпаниите. И покрај тоа што голем број авиокомпании ги откажаа летовите до крајот на овој месец, ние овие денови интензивно се спремаме повторно да ги примиме патниците и да започне редовното функционирање на авиосоообраќајот, соопшти германскиот „Фрапорт“ кој раководи со аеродромот „Јоже Пучник“ во Љубљана.
Оттаму велат дека авиокомпаниите очекуваат да се враќаат постепено во следните два месецџа, односно во јуни и во јули, па со отворањето на границите, кои се најавени исто во тој период, се очекуваат и првите меѓународни летови.
Во координација со словенечкото министерство за здравство, Фрапорт информира дека и понатамиу ќе се применуваат безбедносните мерки, како што е мерењето на температура на патниците.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.